Зимата носи предизвици, безбедноста во сообраќајот е наша одговорност. Управувањето со моторно возило во зимски услови бара зголемена внимателност, одговорност и целосна подготвеност од секој учесник во сообраќајот.
Од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март следната година. За возачите што треба да купат нови зимски гуми, ова претставува дополнителен трошок за семејниот буџет.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република ...