Продолжуваме да работиме на решенија кои ќе им овозможат на младите полесно да дојдат до работа, образование и сопствен дом, затоа што сакаме да имаат услови за подобар живот и својата иднина да ја градат во Македонија, рече потпретседателот на Унијата на млади сили на ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува мерки за поддршка на младите, насочени кон полесно вработување и решавање на станбеното прашање, наведуваат од партијата, реагирајќи на критиките од СДСМ и Венко Филипче.
Владата покажа дека младите се еден од главните приоритети и дека вложувањето во нивното образование, развој и подобар животен стандард е важен дел од владините политики. Од почетокот на мандатот веќе се преземени повеќе конкретни чекори во таа насока.