„Со приклучувањето кон клонот ТИПС, нашата земја прави значаен историски чекор во модернизацијата на националната платна инфраструктура и усогласувањето со европските стандарди за домашните плаќања, во директна полза на граѓаните и компаниите.
Македонскиот платежен систем влегува во нова фаза во која парите ќе можат да се префрлаат за неколку секунди, во секое време од денот, без чекање на работниот ден на банките. Но, зад оваа навидум едноставна промена се развива многу посложена трансформација.
Почна со функционирање платформата на клонот на ТИПС, која преставува технолошка основа за воспоставување на Националниот инстант платен систем и воведување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата.