Државата ќе потроши 7,2 милијарди евра, ќе плаќа по 1,1 милион евра дневно за камати и ќе има обврски за отплата на долг трипати поголеми од капиталниот буџет. Зад најавите за економски раст останува прашањето зошто инвестициите се намалуваат, а трошоците за задолжувањето растат.
На седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде што денеска почна расправата за Предлог-буџетот за 2027 година, власта и опозицијата изнесоа спротивставени ставови околу економските проекции, капиталните инвестиции и задолжувањето на државата.
Денеска не расправаме само за табели, колони и милијарди денари. Расправаме за тоа како државата ќе ги исполни своите обврски, како ќе создава економски можности и пред се, што конкретно треба да се промени на подобро во животот на граѓаните во 2027 година.
ЗА КАМАТИ 405 МИЛИОНИ ЕВРА, ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ 664 МИЛИОНИ – БУЏЕТОТ ЗА 2027 ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Додека Владата најавува развојни инвестиции и економски раст, буџетот за 2027 година носи и висока сметка за старите долгови.
Журнал - +инфо - Национално
Предлог-буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст, со јасен фокус на развојните инвестиции, редовното исполнување на обврските кон граѓаните и подобрувањето на ...
На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето на Предлог на буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправата за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу четири дена за општ претрес и шест дена за амандмани.