Владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за Влада со кои министрите би можеле да имаат само македонско државјанство. За предлогот на СДСМ гласаа 20 опозициски пратеници, додека немаше гласови „против“ ниту „воздржани“.
Од СДСМ денеска преку соопштение обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ го одбило предлог-законот со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да поседуваат двојни државјанства.
Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за Владата, со кој се предвидува членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, ...