Вишиот суд во Белград ѝ одреди 30-дневен притвор на Т. Б., директорка на компанијата „Алта груп“, додека на Ј. П., вработена на благајната во „Алта банка“, ѝ определи домашен притвор со електронски надзор. Од судот соопштија дека притворот за директорката е одреден поради ...
Истрагата за финансиските злоупотреби во „Алта банка“ во Србија се проширува, откако по налог на Обвинителството за организиран криминал биле уапсени уште три лица, осомничени за помагање во злоупотреба на службената положба.
Истрагата за финансискиот скандал во српската „Алта банка“ добива нов развој. Утринава се уапсени Дубравко Мацура, брат на сопственикот на банката Давор Мацура, и Тања Бундало, директорка на компанијата „Алта Пеј Груп“, дознава порталот КРИК.