Прилеп оваа Прочка не ја дочека како настан што се гледа од тротоар, туку како ден што го живее целиот град. Под Марковите Кули, стариот ритуал со кожи, ѕвонци и обредна игра повторно ја презеде улицата, а прилепските мечкари – заштитната маска на ...
Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“.
Облечени се во кожи. Јагнешки, јарешки, овчи. Накитени на појасот со клопотарци, ѕвонци. Сите тешки, некои стари од век и половина. На главата рогови, на лицето страшни сурати. Го почнуваат својот обред.
Со преку 200 учесници на детскиот карневал, почнаа карневалските свечености во Прилеп за Прочка. Учениците од прилепските училишта ги покажаа своите креации. -Ние сме околу 70 учесници и претставуваме весела фарма.