Јавниот обвинител, Игорчо Крстов, од ОЈО Кочани, застапник на обвинението против Ива Михаилова, упати барање до неа јавно да му се извини и да ги повлече изјавите изнесени во поткастот кај новинар во Бугарија. Во соопштението се наведува дека Михаилова изнела невистинити тврдења ...
Судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот во врска со сообраќајната несреќа кај Кочани со смртни последици, продолжи на 9 ноември во Основниот суд во Кочани.
Судот го одби барањето на Ива Михаилова да учествува преку видеоконференција како неосновано, на продолжението од рочиштето во Кочани, во постапката што се води против неа за сообраќајната несреќа во која загина едно лице, а неколкумина беа повредени, објави БНТ.