Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува нивниот кандидат за градоначалник да победи на предвремените избори во Брвеница. – Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ има очекување кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски ...
Вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница доаѓаат откако во јуни оваа година ненадејно почина Јовица Илиевски, кој во ноември 2025 година по вторпат беше избран за градоначалник на Општина Брвеница.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница едногласно одлучи Стојанчо Радичевски да биде кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори. Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.
СДСМ го објави Јовица Радески за свој кандидат за градоначалник на Општина Брвеница. Од партијата наведуваат дека Радески доаѓа од приватниот сектор, по професија е ветеринар, а политички е ангажиран како актуелен советник во општината и носител на советничката листа на СДСМ.
Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата. Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатурата на Радичевски била едногласно изгласана на редовна седница на Извршниот ...