Кризата во редовите на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје добива нови димензии. По тренерската смена и серијата слаби резултати, аеродромци останаа и без двајцата американски кошаркари, Лесли Ворнер и Ноа Фарахан, кои повеќе нема да го носат дресот на „металците“.
МЗТ Скопје во продолжение на сезоната ќе биде без услугите на Американците Лесли Кортез Варнер и Ноа Али Фарахан. Двајцата кошаркари ги спакуваа куферите и го напуштија таборот на актуелниот македонски првак, што е уште една потврда дека нешто не „штима“ во овој тим.