Петмина од нив немале положено возачки испит, а двајца управувале возило и покрај изречената забрана за управување. Полициски службеници во изминатото деноноќие лишиле од слобода 11 возачи на различни локации низ државата поради сомнение за кривичното дело безобѕирно управување ...
Голема полициска акција била спроведена во текот на ноќта на 14 кон 15 ноември на подрачјето на скопската општина Центар, при што биле констатирани бројни прекршоци, а повеќе лица биле лишени од слобода и приведени.
Во текот на ноќта во Скопје биле спроведени засилени полициски контроли во централното градско подрачје, при што биле откриени повеќе сообраќајни и други прекршоци. Во акцијата биле опфатени и угостителски објекти, а полицијата затекнала малолетници кои консумирале алкохол.
Засилените сообраќајни контроли на Министерството за внатрешни работи резултираа со апсење на девет лица кои се товарат по член 297-а од Кривичниот законик. Според полицискиот билтен, шестмина од приведените го управувале возилото без стекнато право на управување.
Седум лица кои управувале возило без положен возачки испит се лишени од слобода во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу нив се и двајца малолетници – 17-годишник од Скопје и 16-годишник од Неготино.