Инфлуенсерката Каталина Фернандез , позната на социјалните мрежи под името Ката Аматиста , почина на 25-годишна возраст, по три години борба со тумор на мозокот. Веста за нејзината смрт ја соопшти семејството преку нејзиниот профил на Инстаграм, пренесува „Пипл“.
Три години се бореше со тежок тумор на мозокот! Младата Каталина Фернандез, позната како Ката Аматиста, ја загуби животната битка по долга и храбра борба со болеста, за која со години отворено зборуваше пред повеќе од три милиони следбеници.
Инфлуенсерката позната како Ката Аматиста имаше повеќе од три милиони следбеници, со кои отворено ги споделуваше најтешките моменти од лекувањето. Нејзините најблиски се простија од неа со зборови што трогнаа многумина. Тажна вест пристигна од светот на социјалните мрежи.