Вработените во МВР немаат здравствено осигурување зашто не биле платени придонеси за нивни колеги кои се вратени на работа со судски одлуки, велат од Фондот за здравство (ФЗОМ). Претходно од МВР ни изјавија дека проблемот не бил во нив, туку во ФЗОМ.
Вработени во Министерството за внатрешни работи од вчера се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, а дел од нив биле враќани од хемотерапија, дијагностички процедури и лабораториски испитувања, објави „Слободен печат“.
Сметаме дека ваквите ситуации се недозволиви и не смеат да се повторуваат во ФЗОМ, особено кога станува збор за здравственото осигурување полициските службеници. Ова го посочуваат од Независниот синдикат на полицијата од каде истакнуваат дека внимателно ја следат состојбата со ...