На интернет можат да се пронајдат најразлични совети за наводно природно лекување на кратковидоста – од вежби за очите и поттикнување на нивното самолекување, до промени во исхраната и редовно изложување на сончева светлина.
„Јас знам дека има луѓе кои ги прифаќаат очилата лесно, а има луѓе кои апсолутно не ги прифаќаат очилата и ќе ги стават само кога е голем зорт. Значи, очилата се помагало, како штака. Ако сакаш да ги носиш, ќе ги носиш, ако не – не.
