Валентина Христовска, мајка на починатиот Павел кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“, денеска на 51. Марш за ангелите во Кочани, рече дека повторно маршираат со истата болка и празнина и со барање за вистина, одговорност и правда.
Со силни пораки и повик за правда, Драги Стојанов, родител на момче кое го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се обрати пред Основниот суд, барајќи поголема поддршка од родителите на повредените деца и одговорност од надлежните институции.
„Докога ќе ги броиме жртвите, а ќе ги чекаме одговорните?“ – праша Валентина Христовска, мајка на починатиот Павел, обраќајќи им се на присутните на денешниот марш пред полицијата. Таа порача дека семејствата повторно маршираат со истата болка и барање за вистина, одговорност и ...