Милорад Додик останува на чело на владејачката партија, а неговиот син Игор доби мандат да ја состави новата влада на Република Српска. Промената на генерациите во семејството оди со официјално ветување за продолжување на досегашната политика.
Раководството на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), предводено од Милорад Додик, одлучило нов премиер на Владата на Република Српска да биде Игор Додик. Тој на премиерската функција ќе го замени Саво Миниќ.
Игор Додик има 37 години и првпат се кандидира на избори во октомври годинава Претседателот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска го предложи Игор Додик за мандатар за состав на новата влада на овој ентитет во Босна и Херцеговина.