По две години по смртта на митрополитот Тимотеј, Австралиско-сиднејската епархија сè уште е без свој владика. Во меѓувреме се одржуваа синодски седници, се споменуваа можни наследници, но конечна одлука до денеска нема.
Во една јубилејна беседа под наслов „Дедо Тимотеј“, искажана во една пригода – митрополитот Струмички Наум го опиша својот постар колега како „главниот мост помеѓу помладите генерации епископи – од една страна, и постарите – од друга страна“.
