Рамуш Муарем – Цирко беше едно од најпрепознатливите имиња во македонскиот медиумски простор, новинар, уредник, телевизиски автор и јавен активист кој остави длабока трага, особено во ромската заедница.
Со длабока тага и болка ја примивме веста дека не напушти Рамуш Муарам – Цирко долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист, објави Рома Прес. Загубивме силен глас, човек со храброст, дух и вистина во секој збор.
По кратко боледување, на 64-годишна возраст почина новинарот Рамуш Муарем – Цирко. Тој работеше како новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите. Тој беше познат по својата емисија „Циркотека“ која се емитуваше на БТР, ...