ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, ДУИ и Левица се повлекле од претходно постигнатиот договор за измените на Изборниот законик и оценува дека нивната цел не е подобрување на изборните правила, туку блокирање на реформските процеси.
Недонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ „Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност.
Христијан Мицкоски изјави дека Реформската агенда е исполнета. Во исто време, ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата ја блокира Реформската агенда и не дозволува да се завршат реформите, вели СДСМ. „Ова е уште еден пример на намерна кампања за збунување на граѓаните.
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини во врска со измените на Изборниот законик и оцени дека со своите постапки намерно ги блокира реформите и европската интеграција на државата. Од партијата велат дека тврдењата за таканаречениот „празен лист“ не се точни, бидејќи, ...