По осум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судењето за пожарот што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.
Денеска во судницата на Казнено-поправната установа Идризово започнува судењето за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица. За случајот се обвинети 35 физички и три правни лица.
Почетокот на денешното рочиште е закажан за 9:30 часот утринава во дигиталната судница во рамки на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје. Во текот на денешното, но и на претстојните рочишта, во близина на судницата ќе бидат присутни ...
Правосудните органи утре започнуваат да го пишуваат најтешкиот тест во поновата историја на Македонија, вистината за 63 млади животи и уште 200 со трајни последици од пламениот обрач нанижан со коруптивни алки повеќе од 13 години.