Дуелот меѓу Шпанија и Англија е дерби на вечерта во Лигата на нации, а во пресрет на натпреварот кој ќе се одигра на „Метрополитано“ стадионот во Мадрид, Деклан Рајс не пропушти да испорача низа пофалби за човечките квалитети на Ламин Јамал.
„Ова е исклучително важен натпревар. Играме против светските шампиони и тоа ни дава дополнителна мотивација. Ова се дуелите на кои сакаме да настапуваме, против најдобрите репрезентации и фудбалери“, изјави Рајс.