„Ние како Комисија алармиравме навреме да не се опушти здравствениот систем, оти можно е покрај овие цревни причинители да имаме појава и на хепатит А, но и на хепатит Е, за што нормално благовремено е известено Министерството (за здравство) и здравствените власти во државата, ...
Здравствените установи во Гостивар и натаму регистираат нови пациенти. Вчера лекарска помош побарале 197 жители на градот кој веќе цела недела е без вода. Од министерството за здравство сепак нагласуваат дека бројките се намалуваат и нема нови хоспитализации.
Во Гостивар може да се појави жолтица во следниот период како задоцнета последица од загадувањето на водата, предупреди Комисијата за заразни болести. Засега нема потврдени случаи на хепатит А или хепатит Е, но здравствениот систем е ставен во готовност поради можноста ...
Во гостиварската болница бројот на пациенти кои бараат медицинска помош бележи значително намалување. Според директорот на болницата, околу 117 пациенти се јавиле за да примат терапија по труењето од водата. Сите пациенти имаат исти симптоми: температура, дијареја, повраќање и ...
Општата состојба во Гостивар е стабилна и во моментов нема нови хоспитализации на лица со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој најави дека сите резултати и анализи за исправноста на водата ќе бидат јавно објавени, но апелираше граѓаните да не се ...