Празниците се вистинска можност да излеземе од секојдневната модна рутина и да облечеме нешто поинакво. Светки, металик ткаенини, необични кроеви и впечатливи детали — свеченото облекување остава многу простор за испробување нови комбинации.
Велурот им дава посебна елеганција и впечатливост дури и на фустаните со наједноставен крој. Неговата мека текстура и дискретниот сјај создаваат впечаток на луксуз, па затоа често му се враќаме кога сакаме облека што ќе привлече внимание.