Со предлог-буџетот за 2027 година се предвидени околу 10 милиони евра помалку за блок-дотации за основното и за средното образование. Дел од општините предупредуваат дека ќе мора да одвојат повеќе пари од сопствените буџети.
Според пресметката на „360 степени“, врз основа на извештаите на Министерството за финансии, институциите од областа на образованието и науката пријавиле околу 15 милиони евра доспеани долгови заклучно со септември. Јаневска вели дека нема точен податок за вкупната сума.
Вклучувањето на зголемувањето на платите на наставниците е предвидено во буџетот. Тие во март ќе добијат најмалку седум ипол проценти покачување на платите, одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата ...