Македонија постигнала напредок во неколку важни области на патот кон евроинтеграциите, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, на министерскиот состанок за Западен Балкан што се одржува во Атина.
Атина – Имаме добри можности за напредок во пристапниот процес, бидејќи проширувањето повторно е приоритет на целата Европска Унија. Но, јасно е дека само земјите што остваруваат резултати во спроведувањето на реформите можат да одат напред.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис.