Високите температури повторно ги ставија на мака учениците, кои со часови престојуваат во училници без климатизација. Додека родителите сами се организираат, купуваат клима-уреди и плаќаат за нивно одржување, од надлежните институции нема конкретно решение.
Во однос на високите температури и недостигот од клима-уреди во дел од училниците, Јаневска рече дека Министерството во моментот нема информација дека Скопје е во портокалова фаза. – Немаме добиено информација дека сме во портокалова фаза.