СДСМ утрово испрати две соопштенија до медиумите во кои користи најдолни навреди кон уредникот на Плусинфо Бранко Героски. Во соопштението насловено „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО“, СДСМ го нарекува Героски „најискусниот припадник на ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека ВМРО-ДПМНЕ сè почесто ја активира својата стара пропагандна мрежа, секогаш кога партиските ботови и шаблонските напади ќе ја изгубат ефикасноста.
Кога ботовите ќе „зарибаат“, затоа што се програмирани само за една функција, тогаш во помош стапува најискусниот припадник на специјалната единица на кујната на ВМРО. Познат уште од времето на Груевски, член на елитната „панцир“ единица – Фрљо.