Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека, благодарение на напредокот на Црна Гора и Албанија кон членство во Европската Унија (ЕУ), се остварува визијата за проширување поставена пред 23 години на самитот во Солун.
Атина – Имаме добри можности за напредок во пристапниот процес, бидејќи проширувањето повторно е приоритет на целата Европска Унија. Но, јасно е дека само земјите што остваруваат резултати во спроведувањето на реформите можат да одат напред.
Конечно, по 23 години од Солунската агенда, ги исполнуваме ветувањата – проширувањето е повторно приоритет на целата Европска Унија, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска од Атина, за време на министерскиот состанок на „Пријатели на Западен Балкан“.