Декември е месец што секогаш поминува побрзо отколку што мислиме. Едвај ќе ја накитиме елката, а веќе ги броиме секундите до полноќ. Затоа вреди уште во првите денови да направите мал план – не за обврски, туку за работите што ќе ви бидат мили кога ќе ја погледнете годината ...
Декември има една незгодна особина – сите трошоци доаѓаат одеднаш. Подароци за целото семејство, полн фрижидер за гостите, новогодишна ноќ, облека за празниците. А јануари, кога треба сè да се плати, е долг и тежок.
До Нова година има уште повеќе од еден месец, но списокот со луѓе за кои треба подарок секоја година е сè подолг. Колеги, кумови, учителки, пријатели, соседи… Добрата вест е дека убавиот подарок не мора да биде скап. Важно е да се види дека сте размислувале за човекот.