TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На патарината Глумово вечерва се чека и 20 минути — големи колони накај Маврово и Охрид пред продолжениот викенд

Слободен Печат - 31.07.2026

Големи редици се создадоа доцна попладнето и вечерва на патарината кај Глуново на автопатот Скопје-Тетово, а на моменти се чекаше и дваесетина минути, Голем број луѓе пред Илинден и продолжениот викенд тргнаа кон Охрид, но и кон Струга, Маврово и другите туристички места во ...

(Видео) Ако тргнувате кон Охрид, бидете подготвени дека патот ќе трае

Скопје1 - 31.07.2026

Зголемениот број возила предизвика големи гужви и долги колони на патот кон Охрид, каде што сообраќајот на повеќе делници се одвива забавено. Поради интензивниот сообраќај, возачите се соочуваат со подолго време на патување.

Хаос на излез од Скопје: Редици автомобили на патарината кон Тетово

iNFOMAX - 31.07.2026

Гужва го закочи сообраќајот на излез од Скопје, на патарината кон Тетово. Како и секоја година, голем број граѓани пред Илинден се упатуваат кон Охрид, со што се прави застој на патарините на овој излез од градот. За да се поминат патарините, се чека по повеќе од половина час.

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

4NEWS - 30.07.2026

Со денешниот ден, четврток, официјално започна продолжениот викенд по повод големиот државен празник Илинден – 2 Август. Голем број граѓани веќе заминаа кон туристичките центри, викенд-населбите и своите родни места, а се очекува зголемена фреквенција на патиштата во текот на ...

Доаѓа еден од најкритичните викенди за патувањето во Грција: Се очекуваат километарски редици

Фактор - 30.07.2026

Секој што планира патување во Грција овој викенд треба да се вооружи со трпение или, доколку е можно, да го одложи датумот на поаѓање. Еден од викендите со најголем сообраќај во сезоната е пред нас, кога се очекуваат огромни застои и формирање долги редици возила на клучните ...

Туристички бран ги преплави границите: Колони од Хоргош до Евзони!

Вечер Прес - 30.07.2026

Почетокот на туристичкиот шпиц донесе големи гужви на граничните премини во регионот, а најголем притисок е забележан на влезовите и излезите од Србија, како и на патот кон Грција преку Македонија. Според српскиот Авто-мото сојуз (AMSS), зголемен интензитет на сообраќај е ...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ТРГНУВААТ КОН ГРЦИЈА: Овој викенд може да стане кошмар на границите, се најавуваат километарски колони!

ПРВ.мк - 30.07.2026

Сите кои планираат патување кон Грција во следните денови треба да се подготват за сериозни гужви и долго чекање. Пред нас е еден од најоптоварените викенди во летната сезона, кога се очекува зголемен број возила на патиштата и создавање километарски колони на најфреквентните ...

Доаѓа најкритичниот викенд за патување во Грција: Се очекуваат долги редици на границите

Трн - 30.07.2026

Продолжениот викенд по повод Илинден ќе предизвика големи гужви кон Грција. Најголем метеж се очекува на граничните премини Евзони и Дојран. Патниците кои планираат да заминат во Грција овој викенд треба да сметаат на значително подолго чекање на границите.