„Граѓаните на Македонија повеќе не сакаат да ја плаќаат цената за Мицкоски и неговата криминална група. Не сакаат тие, нивните семејства и нивните деца да ја плаќаат цената на изолацијата и грабежот.
СДСМ преку соопштение обвини дека денеска истекува рокот што, според нив, самиот премиер Христијан Мицкоски го поставил за исполнување на десетте точки од Реформската агенда, оценувајќи дека станува збор за уште едно неисполнето ветување.
Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда, реагираат од СДСМ. Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски.