Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека двајцата избрани адвокати имаат неспорно искуство во областа на човековите права, изјави претседателот на Уставниот суд за изборот на професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан ...
Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур го предложи тричлениот список што ќе биде доставен на оценка до експертскиот панел на Советот на Европа.
Адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски се тројцата кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права. Тие ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа.