Судијата е избран за нов претседател на Управниот суд. еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Вишиот управен суд. пријавил станови во Скопје и Гостивар. Има и две возила. Пријавил и депозити. Како и кредити.
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија во Вишиот управен суд, за нов претседател на Управниот суд, оценувајќи дека неговата програма, досегашното искуство и познавањето на управното судство го издвојуваат меѓу кандидатите.
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за нов претседател на Управниот суд на седницата на 11 ноември. На седницата биле разгледани кандидатурите на Субхи Јакупи, Газменд Фејзули, Едита Наскова и Ѓоко Живковски, чии пријави биле навремени и комплетни.