СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче и СДС напаѓаат се што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДС и Венко Филипче денес се обидуваат да го проблематизираат развојот на дата центрите, јавноста треба да ја види суштинската разлика меѓу нивната и политиката на ВМРО-ДПМНЕ. СДС ја гледаа Македонија низ призма на политики како развојот на индустријата со марихуана кои ...