Јавната набавка за која обвинува СДСМ е спроведена на транспарентен начин и под истите услови под кои работела и претходната влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата за тендерите на фирмата „Дигитал оне“.
Наместо да се оградат, СДСМ го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне, бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Долга е листа листата на скандали, афери и наместени тендери во страна на СДСМ и затоа, до исчекување на следниот спин, им порачуваме да си ги погледнат своите редови, кои е редно да ги исчистат од докажаните криминални структури, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ДПМНЕ води прљава кампања против членовите на СДСМ преку нивните портли и медиуми кои со години ги финансираат од црните пари украдени од граѓаните. Очигледно мислат дека ако повторуваат едни исти лаги ќе станат вистина, но се лажат.