Црвено временско предупредување е издадено за речиси целата територија на Србија, кое предвидува особено опасни временски феномени, а тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животните.
УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите низ Македонија. Така, најтопло ова утро е во Кавадарци со 26 степени во осум часот, а најниска утринска температура е забележана во Берово, 16 степени. Во Скопје ова утро во осум часот се измерени 22 степени.
Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови.