Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина. Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал средба со претставници на Македонската заедница во Србија.
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук информираше дека заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и заменик – министерката за европски прашања, Викторија Трајков, се сретнале со Македонци кои живеат во Србија.