Пелистер славеше на дербито против ГРК Охрид со 27-24 во натпревар од 12. коло во Суперлигата. Победникот на оваа средба беше решен во последните две минути. Салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последното место, а на трибините имаше и гостински навивачи.
Во машката македонска ракометна Супер лига денеска ќе се игра еден натпревар. Тоа е дербито во Битола каде вицепрвакот Еурофарм Пелистер го пречекува Охрид . Ова е натпревар на трето- и четвртопласираните екипи на табелата.
Дерби дуелот од 12.коло во машката ракометна Супер лига се одигра вечерва во Битола, во салата „Боро Чурлевски“. Актуелниот вицепрвак Еурофарм Пелистер славеше победа во дуелот со Охрид со 27-24. Првото полувреме мина во рамноправна игра во која имаше дури 11 израмнувања.
