Археолошките истражувања на Исар-Марвинци кај Валандово годинава открија монументален дел од јавна римска бања, со голем мермерен базен и исклучително добро зачуван систем за загревање. Наодот е значаен затоа што внесува нови податоци за урбаната инфраструктура, водоснабдувањето ...
Нови археолошки откритија на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово откриваат дел од богатото минато на овој простор. Станува збор за монументален комплекс на јавна римска бања, со голем базен обложен со повеќе од осум видови мермер и добро зачуван антички систем за загревање.
Градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, денеска беше на локалитетот Исар–Марвинци, каде што одблизу се запозна со најновите исклучителни археолошки откритија, кои уште еднаш го потврдуваат непроценливото историско и културно богатство на овој простор.