Со рекапитулација на досегашното работење и презентирање на активностите што претстојат, претседателот на Комората на вештаци Виктор Камнар, попладнево во Гевгелија ја отвори свечената седница на Собранието на Комората.
Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите но и примена на стручни знаења од вештаците, затоа ...
Кога зборуваме за правдата, најчесто зборуваме за законите, за судовите, за судските одлуки, но зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите и примена на стручни знаења од многу различни области.