„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји на роднини и пријатели, а нивните буџети извор за лично богатење на поединци.
ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања за, како што наведуваат, криминално и партиско управување со државната компанија ЕСМ и нејзините подружници во периодот кога со нив раководеле кадри на СДС и ДУИ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања за работењето на претходната власт во ЕСМ Снабдување со топлина. Според него, кадри именувани од СДС и ДУИ се однесувале кон институцијата како кон приватна фирма, ...