Пелистер по поразот од Алкалоид во домашниот шампионат успеа брзо да се консолидира и да стигне до голема победа во Европската лига, со која ги задржа надежите за пласман во главната рунда. Македонскиот тим на домашен терен славеше против лидерот Гдањск со 34-27.
Избраниците на Лино Червар одиграа два сосема различни натпревари во краток временски период. На гостувањето кај Алкалоид беа бледа сенка на својот тим, но само неколку дена по тој пораз, во Европската лига, пред своите навивачи – кои знаат да бидат и најголемите критичари – се ...
Еурофарм Пелистер денеска го очекува нов голем предизвик во Европската лига на ЕХФ. Битолчани во салата „Боро Чурлевски“ го пречекуваат полскиот Вибжеже Гдањск, лидерот во групата, во натпревар од голема важност за продолжување на европските амбиции.
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер утре го игра петтиот натпревар во Европската лига, а противник им е екипата на Вибжеже Гдањск. Тоа е тим кој е на врвот на табелата, тим кој нема пораз во групата, состав против кој Пелистер ремизираше на првата средба во ...