Електронско следење на сторителите и можност полицијата да ги отстранува од домот, дури и кога се негови сопственици, се дел од предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Со новото законско решение се предвидува воведување можност за употреба на електронски алки, како и проширени овластувања со кои полицијата ќе може многу побрзо и поефикасно да интервенира во случаи на насилство.
Електронска алка би го спречила насилниот сопруг или партнер да ѝ се приближи на жената – жртва на семејно насилство, кога му е изречена забрана за приближување. Барем, такви се искуствата од земјите кои веќе применуваат електронски надзор во вакви случаи.
Жените, мајките и ќерките мора да се чувствуваат најбезбедно во сопствениот дом, а институциите имаат обврска да преземат сè што е во нивна моќ за да ја гарантираат нивната заштита. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, ...