„Првиот пат кога го зедов во раце не ми се веруваше колку е мал. Имаше само 1,8 килограми, а должината му беше само 43 сантиметри – колку ананас. Од устата и носот му излегуваа цевки и беше поврзан со апарати што му го следеа срцето и нивото на кислород. Имаше и систем во рачето.
Со симболично пуштање виолетови балони, на Универзитетската клиника за детски болести беше одбележан Светскиот ден на предвремено родените деца, кој се одбележува на 15 ноември. Активноста беше организирана со цел да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат ...