Во услови кога кинеските возила брзо го зголемуваат својот удел на пазарот, Европската унија размислува за воведување на „Законот за индустриско забрзување“ – познат и како регулатива „Произведено во Европа“ (Made in Europe).
„Произведено во Европа“ е дел од планираниот Акт за забрзување на индустријата на ЕУ, што првенствено има за цел да изврши притисок врз кинеските производители на автомобили да произведуваат во Европа, користејќи ги локалните добавувачи.
Ford бара европските правила да ги земат предвид поврзаните фабрики и добавувачи. Производителите предупредуваат и на ризик од нови царини меѓу ЕУ и Британија. Европскиот директор на Ford, Џим Баумбик , предупреди дека исклучувањето на Велика Британија, Турција и Мароко од ...