Владимир Панчевски, реагираше бидејќи е дисквалификуван од трката за републички јавен обвинител. Тој објави потврда од Кривичниот суд дека има стаж од над 12 години, а стои и дека функцијата ја извршувал во 2020 година.
Советот на јавни обвинители реши да го дисквалификува Владимир Панчевски од трката за државен јавен обвинител. Причина за тоа е што Советот утврди дека Панчевски не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за јавно обвинителство.
Откако Советот на Јавни обвинители не даде позитивно мислење за кандидатот за ЈО, Владимир Панчевски, се огласи тој на социјалните мрежи со објава на документ кој покажува колкав стаж има.
Советот утврди дека кандидатот Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за јавно обвинителство. Имено, согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на ...