Илустрираната книга за деца „Сон на балон“ од Александра Велинова промовирана во Македонскиот –културно информативен центар во Тирана. „Сон на балон“ обработува актуелна тема –ИСЕЛУВАЊЕТО. Речиси и да нема дете што нема роднини, пријатели, блиски што живеат во странство.
„А што ако и грмотевицата може да сонува да стане виножито?“ Токму од една ваква детска фантазија започнува приказната во сликовницата „Грмотевицата што сакаше да стане виножито“, која беше промовирана во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.
Убава приказна која ги учи децата на добрина и искреност! Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската литература за деца“, македонскиот пишан збор блесна пред публиката во Културно-информативниот центар во Тирана.