Јошевска-Анастасовска е адвокатка од Скопје со повеќегодишно искуство од областа на Кривичното право. Нејзината адвокатска канцеларија работи од 2008 година. Во јавноста е позната и по настапите во медиумите на теми од правосудството.
Професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, се двете имиња кои ќе го попоплнат Судскиот совет. Овие двајца кандидати се предложени од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска и професорката Арлинда Кадри – Шахиновиќ се реформаторките кои ги предложи претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за членови на Судскиот совет.
Материјалите „Предлог за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија“ и „Предлог за избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија“ се доставени до ...