На големиот христијански празник Богојавление – Водици, на 19 јануари, ќе продолжи вековната православна традиција на осветување на водите и положување на Светиот крст во повеќе делови на Скопје, меѓу кои Сингелиќ и Волково.
Градот Охрид е подготвен за годинешното издание на Богојавленскиот водосвет – чествувањето на првославниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на Чесниот крст.
На 19 јануари, понеделник, со почеток во 10 часот, пред храмот „Света Недела“ во Битола ќе се одржи една од најзначајните верски традиции – спуштањето на Светиот Крст во водите на базенот пред црквата.
Околу 100 верници од Прилеп ќе учествуваат на традиционалното, централно, фрлање на светиот крст во осветените води на Аква базенот во прилепскиот хотел „Салида“ што ќе се одржи в понеделник напладне, на Богојавление – Водици.