TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И утре северен ветер, дожд и снег на планините

Трн - пред: 11 часа

По невообичаено топлите ноемвриски денови, студен воздушен бран донесе пад на температурите. Метеоролозите најавуваат можност за прв снег на високите планини, додека во градовите засега се очекува претежно дожд.

ЛАДНИОТ БРАН ОД РЕГИОНОТ СЕ СПУШТА КОН МАКЕДОНИЈА: Температурите паѓаат за повеќе од 15 степени

Фактор - пред: 17 часа

Студен бран од север ќе донесе нагло заладување во Македонија денес, најавува метеорологот Славчо Попоски во објава на Фејсбук. Според неговата прогноза, температурите во однос на вчера ќе се намалат за 10 до 15 степени, а локално и повеќе.

Снег на Балканот и зимски услови на патиштата – што значи заладувањето за Македонија

Паноптикум - пред: 14 часа

Наглото заладување веќе донесе снег во планинските делови на Србија и Хрватска, а на повеќе патни правци утрово, 14 ноември, се пријавуваат зимски услови, влажни и лизгави коловози, магла и опасност од голомразица.

Историски преседан над Арктикот: Поларниот вртлог се сруши најрано откако се вршат мерења

Независен - 13.11.2026

Најраното ненадејно стратосферско затоплување во запишаната историја е забележано над Арктикот оваа недела, со колапс на поларниот вртлог. Климатските симулации укажуваат на можен постуден и поснежен декември во Европа, но сегашните прогнози сè уште не го потврдуваат ова.

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ ВО МИНУС: Долгорочните прогнози откриваат кога би можел да падне првиот снег

ПРВ.мк - 13.11.2026

Македонија постепено се подготвува за зимски временски услови, а според дел од долгорочните метеоролошки прогнози, првите снежни врнежи би можеле да пристигнат кон крајот на ноември. По периодот на невообичаено топло време, веќе од сабота, 14 ноември, се очекува заладување, ...

Феномен во атмосферата ги зачуди метеоролозите: Поларниот вртлог се распадна рекордно рано – следува ли екстремно студена зима?

Вечер Прес - 13.11.2026

Поларниот вртлог над Арктикот се наруши порано од кога било досега во историјата на мерењата, што може да донесе продори на студен воздух во делови од северната хемисфера. Но, истовремено е присутен и силен феномен Ел Нињо, кој обично придонесува за повисоки температури.

Од 25 степени до нагло заладување: што следува во Македонија и на Балканот

Паноптикум - 13.11.2026

Балканот денеска се најде во необична временска слика – утрински температури што на места повеќе прилегаат на доцна пролет, силен јужен ветер, а само неколку часа подоцна пристигнување на постуден воздух, дожд и можност за снег на повисоките делови од регионот.

ОД 25 СТЕПЕНИ ДО НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ Студен бран стигнува на Балканот, на планините и снег

+инфо - 13.11.2026

Во 7 часот во Струмица биле измерени 19,1 степен, во Скопје-Петровец 18,6, во Виница 18,3, а во Штип 18 степени. Од утре УХМР најавува навлегување на постудена воздушна маса од север, поради што температурите ќе бидат во опаѓање, најизразено во северните делови на земјата.